Пред жребот за Лигата на нации: Македонија носител во Лигата Д

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги објави позициите на сите европски репрезентации во пресрет на ждребот за новото натпреварување Лигата на нации, кој ќе се изврши на 24 јануари во Лозана, Швајцарија. Фудбалската репрезентација на Македонија е во рангот на носителите во Лигата Д, последниот по ранг дел од ова натпреварување. Тоа е одлична можност за „црвено-жолтите“ да се изборат за бараж за пласман на ЕП 2020.

Во рангот на носителите се Азербејџан, Македонија, Белорусија и на Грузија, а ќе чекаат противници од останатите барабани. Во вториот барабан од Лигата Д се селекциите на Ерменија, Летонија, Фарски Острови и на Луксембург. Во третиот барабан се лоцирани репрезентациите на Казахстан, Молдавија, Лихтенштајн и на Малта. Во четвртиот барабан се селекциите на Андора, Косово, Сан Марино и на Гибралтар.

Лигата Д по ждребот во Лозана ќе биде поделена во четири групи по четири репрезентација, а Македонија ќе биде носител на една од овие групи.

mkd nositel liga nacii 2

Се вчитува...