Предалеку е Европа за Работнички (фотогалерија)

Работнички по долга пауза се врати на европската сцена, но авантурата набрзо прерасна во кратка екскурзија, по двата убедливи порази од Парма.

Рускиот прволигаш реално е далеку поквалитетен состав од оној на тимот од „Градски парк“, а вкупната разлика од 47 поени за 80 минути игра најдобро отсликува колку е далеку Работнички од посериозната европска сцена, да не говориме за елитата.

За поздравување е самата желба најтрофејниот македонски колектив повторно да биде дел од европските натпреварување, а нема сомнеж дека „црвено-белите“ ќе настојуваат да извлечат што повеќе поуки, за во иднина многу посериозно да се претстават на европската кошаркарска сцена. А во моментов… предалеку е европското кошаркарско сонце за да го огрее тимот од „Градски парк“.

[new_royalslider id=”789″]

Се вчитува...