Предалеку од елитата: Младите кошаркари се 13. во „Б дивизијата“

Младинската репрезентација на Македонија го освои 13. место на Европското Првенство – Б дивизија, што се одржуваше во Романија, откако во денешниот меч за пласман „црвено-жолтите“ славеа над Албанија со резултат 71-65.

Разочарувачки, Албанците беа подобар противник се до последната четвртина, што нашите младинци ја добија со 22-13, го свртеа резултатот во своја полза и стигнаа до победата. Виктор Ефремовски го одигра својот најдобар меч постигнувајќи 30 поени, додека Маслинко и Робев реализираа по 14 поени за „црвено-жолтите“.

Пласманот на 13. позиција е уште еден доказ за очајната состојба во која се наоѓа македонската младинска кошарка, со оглед на фактот дека ова е друштво во кое не се дел елитните европски селекции, а ние се доведовме во ситуација да губиме од Косово, а да ни требаат продолженија за да ја совладаме Албанија (во премиерниот меч на шампионатот).

Се вчитува...