Прекрасен гол на Даниел Георгиевски во победата на Њукасл џетс… (видео)

Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Георгиевски го постигна својот прв клуб во шампионатот на Австралија во својот нов клуб, Њукасл џетс.

Георгиевски постигна прекрасен погодок и тоа во победата од 4-1 на Њукасл џетс против поранешниот негов клуб Мелбурн Виктори. Македонскиот интернационалец погоди во 13. минута со извонреден шут од околу 15 метри за израмнување на 1-1 во тие моменти.

Њукасл џетс по осум одиграни кола во Австралија е на водечката позиција со 17 бода, еден повеќе од второпласираниот Сиднеј.

Се вчитува...