Прекрасна вест го дочека малиот Јане по враќањето од Англија: Обезбеден лекот Спинраза за лечење на лицата со Спинална мускулна атрофија

Откако, како што самиот истакна, мина незаборавни денови во посета на Пол Погба и Манчестер јунајтед изминативе денови, 9-годишниот Јане Велковски го дочека нова прекрасна вест по враќањето во Македонија.

Пред неколку месеци, Јане и неговото семејство но и сите лица заболени од Спинална мускулна атрофија добија ветување од премирот Зоран Заев дека тој лично и Владата нема да престанат се додека не го обезбедат и за Македонија лекот „Спинраза“. И, ветувањето е исполнето за што информираа и од здружението СТОП СМА Македонија кои информираа дека постигнат е договор со производителот за набавка на лекот „Спинраза“.

Почитувани СМА семејства, од премиерот Зоран Заев бевме информирани дека тој заедно со неговиот тим составен од Министерот за здравство Венко Филипче, Министерот за финансии Драган Тевдовски и Директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев, постигнале договор со компанијата – производител, за набавка на лекот Спинраза за третман на лицата со Спинална Мускулна Атрофија во Македонија.  Останува во периодот кој следи, правните тимови на Владата и на производителот, согласно законите да го припремат договорот и истиот по официјално потпишување да влезе во имплементација. Би сакале да изразиме огромна јавна благодарност до Премиерот и неговиот тим за разбирањето и заложбите, во име на сите СМА пациенти и семејства во Македонија. Огромна јавна благодарност и до сите наши пријатели, другари, соборци, активисти, граѓани, роднини, сите знајни и незнајни, за придонесот и поддршката во нашата позитивна кампања за добивање на лекот Спинраза“ – се вели во информацијата од СТОП СМА Македонија.

Се вчитува...