Премиерот Заев со прием за европските шампиони: Вашиот успех мотив за засилени инвестиции во спортот!

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска организираше прием за ракометарите на Вардар по освојувањето на европската шампионска титула.

Од името на Владата на РМ и македонскиот народ, Заев додели свечена плакета за носителите на еден од најголемите спортски успеси во историјата на Македонија, притоа истакнувајќи дека ова нивно дело е само дополнителен мотив за инвестиции во спортот.

zaev so rk vardar

„Успехот кој вие го постигнавте е најголемата промоција која Македонија може да ја има во светот. Ова ваше дело е само мотив повеќе за новата Влада за засилено темпо инвестиции во спортот. Сето ова води кон насока и за нова законска регулатива за комплетно подобрување на ситуацијата во македонскиот спорт“ – истакна премиерот Зоран Заев.

На приемот во Владата на РМ беше и првиот човек на македонскиот ракомет Живко Мукаетов, еден од ресорните министри и вложувач во спортот, Кочо Анѓушев, комплетниот вардаров состав и раководството на тимот, дополнето и со почесниот претседател на клубот, Михајло Михајловски.

Се вчитува...