Скандал на мотокрос трката во Романија: Спречена победа на Илиоски - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
23/06/2017 16:51
Останато
23/06/2017 16:42
Фудбал
23/06/2017 15:50
Фудбал
23/06/2017 12:42

Скандал на мотокрос трката во Романија: Спречена победа на Илиоски

Вистински преседан се случи на мотокрос трката од Источно-европскиот шампионат во Бузау, Романија, со откажување на сите трки по падот на Бугаринот Тодор Тотев кој притоа мина без посериозни последици.

Целокупната приказна со одлуката на челниците на Балканската мото унија, кои се од Бугарија, всушност очигледно беше само да се спречи двојна победа на нашиот Христијан Илиоски – Кико.

Христијан Илиоски – Кико и Борче Костов – Жолт беа двајцата македонски учесници на третата рунда од Источно-европскиот шампионат во мотокрос која требаше да се вози на патеката Бузау. Патот до Бузау кој траеше 12 часа за нашите натпреварувачи беше мотив повеќе да се докажат на меѓународна сцена, а најдобар показател за тоа беа подготовките за трката во класата МХ1. Во неа, нашиот Илиоски на слободниот тренинг го забележа најдоброто време, успехот го повтори и на вториот тренинг, а потоа на квалификациите забележа нов рекорд на патеката, резултат кој беше за две секунди подобар од времето на Романецот Адријан Радута, водечкиот во шампионатот.

Дека со пари не може да се купи квалитетот се покажа и четвртото официјално мерење пред првата трка во МХ1 на кое Илиоски повторно забележа најдобро време. И кога атмосферата во македонскиот табор беше на завидно ниво, се очекуваше победа на двете трки и 50 бодови за Илиоски во генералниот пласман во Романија се случи преседан.

Стартот на првата трка во МХ1 го одбележа падот на Бугаринот Тодор Тотев кој влета во романскиот натпреварувач по што остана со заглавена нога во задното тркало. На трката Кико имаше одличен старт, изби на првата позиција и направи огромна предност пред крајот на првиот круг кога беше истакнато и црвеното знаме за повторен старт заради падот на Тотев. Потоа бугарскиот мотоциклист беше однесен со амбулантно возило, а кога сите очекуваа повторен старт на трката дојде известување од надлежните дека возачите треба да се вратат во боксовите. Набрзо потоа пристигна и запрепастувачката информација, сите трки од Источно-европскиот шампионат кои следуваа беа откажани.

Во прв момент беше нејасно зошто дојде до ваква одлука на челниците на Балканската Мото Унија кои се од Бугарија, иако сите возачи бараа трките да продолжат. Не помогна ниту нивното инсистирање, а ни повикот за разум од Романската мото федерација, одлуката на БМУ остана конечна, а возачите од Бугарија без приговори веднаш ги вратија транспондерите и започнаа со пакување. Беше симптоматично тоа што по половина час, Тотев се врати на патеката без посериозни повреди.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.