Преседан во Турција: Галатасарај истрча на теренот без ниту еден Турчин

Галатасарај важи за еден од бастионите на турскиот фудбал, но овој клуб денеска направи неверојатен преседан, кога истрча на теренот на гостувањето против Коњаспор без ниту еден турски фудбалер во првиот состав.

Тренерот Игор Тудор се реши во првите единаесетмина да уфрли само странски фудбалери. Ова се случува за првпат во историјата на турскиот фудбал.

Се вчитува...