Пресврт: Озил не оди во Барса, туку се враќа во Реал Мадрид?

Германскиот интернационалец Месут Озил најверојатно ќе биде една од ѕвездите на зимскиот преоден рок, со оглед дека одби да потпише нов договор со Арсенал, а актуелниот му истекува следното лето. Тоа значи дека ќе си замине од „Емирати“ во јануари, бидејќи во спротивно „топчиите“ би останале со празни раце во летниот преоден рок.

За Озил постои интерес од Барселона, но Германецот ја изненади јавноста со својот став, дека се уште има контакти со Зинедин Зидан, па сега се очекува и негово можно враќање на „Сантијаго Бернабеу“.

„Зидан ме фасцинираше со својата игра. Тој беше неверојатен со топката, а тоа чувство никогаш не можете да го загубите. Кога бев млад играч, тој беше мојот идол. Се уште сме во контакт, се слушаме телефонски повремено“, изјави Озил.

Оваа негова изјава секако е сфатена како отворање на портите кон негово враќање во Реал Мадрид. Арсенал за него ќе бара околу 20 милиони евра во јануари, а тоа воопшто не е сума што „кралевите“ не би можеле да си ја дозволат.

Се вчитува...