Пресврт во изборот на Конте: Фабрегас останува, Матиќ бара нов дом

Антонио Конте донесе конечна одлука околу судбините на Фабрегас и Матиќ во Челси. Италијанскиот стратег одлучи да го задржи мајсторот за асистенции, Цеск Фабрегас, а ќе се ослободи од услугите на Немања Матиќ.

Иако во текот на сезоната српскиот интернационалец беше прв избор за Конте, додека Фабрегас беше стартер против послабите противници, или пак ги одигруваше последните дваесетина минути од натпреварите. Сепак Челси има повеќе корист од напаѓачките способности на Фабрегас, отколку од дефанзивните квалитети на Матиќ, кои ќе ги имаат и со доаѓањето на Бакајоко, па доколку Матиќ сака да игра фудбал секој викенд, ќе мора да најде во клуб.

Фабрегас не ја криеше желбата за поголема минутажа, но поранешниот играч на Барселона и Арсенал истакна дека ги разбира одлуките на тренерот. Цеск смета дека Конте не погреши во целокупниот избор помеѓу овие двајца фудбалери, бидејќи на крајот сето тоа беше крунисано со титула во Премиер лигата.

Манчестер јунајтед засега е единствената дестинација за 28-годишниот Србин. Матиќ е миленик на Мурињо, Португалецот се обиде да го донесе на „Олд трафорд“ уште минатото лето, но Челси инсистира да не продаде играч на ривал од лигата. Јувентус ја следеше ситуацијата на Матиќ, но шампионот на Италија засега има други планови за зајакнување на средната линија.

 

Се вчитува...