Претседателот Иванов ги одликува вардарци со „Медал за заслуги за Македонија“

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ги одликуваше членовите на ракометниот клуб Вардар со „Медал за заслуги за Македонија“, а на ракометниот клуб Вардар му го додели признанието „Повелба на Република Македонија“. Членовите на РК Вардар се одликуваат со „Медал за заслуги за Македонија“ за постигнатите врвни резултати во ракометот на домашен и на меѓународен план, а особено за спортскиот подвиг, освојувањето на титулата европски клупски шампион што е од исклучително значење за Република Македонија.

ivanov i raul 2

„Со својот подвиг ракометарите на Вардар апсолутно ги заслужија високите признанија. Со вашата желба, мотивираност, сплотеност и тимски дух, ни покажавте дека не постојат искушенија и предизвици кои не можат да се надминат и врвови кои не можат да се освојат. Вие сте пример од кој ќе учат и ќе се мотивираат идните генерации“, истакна Ѓорѓе Иванов во своето излагање.

Се вчитува...