Претседателот на Палермо: Несторовски ќе биде нашиот „спасител“

Палермо грчевито се бори за опстанок во Серија А, а новиот претседател на клубот, Пол Бакалјини, смета дека македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ќе биде спасителот на тимот, очекувајќи да постигне уште неколку клучни голови во продолжението од сезоната.

„Несторовски е нашиот лидер оваа сезона и верувам дека ќе биде нашиот спасител. Има неверојатно чувство за постигнување гол и очекувам да ни донесе неколку победи на клучните натпревари за опстанок. Не верувам и дека ќе го продадеме ова лето. Тој е премногу вреден за нас, за така лесно да се откажеме од него. Има многу заинтересирани клубови, но засега нема ниту една конкретна понуда за Несторовски. Милионите што се пишуваат се само чиста новинарска шпекулација“, изјави Пол Бакалјини, претседателот на Палермо.

Тимот на Несторовски и на Трајковски се наоѓа на 18.место на табелата со 15 освоени бода, седум помалку од Емполи, кој е првиот над зоната за испаѓање.

Се вчитува...