Претседателот на Победа побара надлежните да ја испитаат сомнителноста на мечот со Работнички

По малку неочекувана реакција кога е во прашање македонскиот фудбал и раководствата на домашните клубови, но претседателот на ФК Победа, Гоце Ингилизов се одлучи и самиот официјално да повика надлежните институции и ФФМ да ја испитаат сомнителноста на мечот на Победа со Работнички.

Како што е познато, дуелот во Прилеп меѓу Победа и Работнички заврши со 2-4 (2-0), по што по социјалните мрежи следеше лавина напади од страна на прилепските навивачи кон домашниот клуб и бројни шпекулации околу самиот натпревар. Па, Ингилизов, како што официјално информира ФК Победа, се одлучи и самиот да повика надлежните да ги испитаат случувањата на мечот како целосно би се тргнала дамката која надвисна над истиот…

„Поради огромниот број на шпекулации низ прилепската јавност, за спорни моменти при утакмицата помеѓу ФК Победа-Прилеп и ФК Работнички-Скопје, лично претседателот на клубот го пријави натпреварот до надлежните органи при ФФМ ,за да го испитаат случајот. Се случија две различни полувремиња и од добиени три бода, на крај доживеавме дебакл… Очекуваме детална истрага и ако има нешто спорно, да се изнајде виновникот. Ова раководство на ФК Победа со вакви нечисти работи нема да се занимава, а и со шпекулации и измислици на луѓе кои не му мислат добро на клубот!“ – се вели во официјалното соопштение од ФК Победа.

Се вчитува...