Претседателот на Шкендија, Беџети на средба со Марко Фасоне (ФОТО)

Претседателот на Шкендија, Висар Беџети попладнево имаше официјална средба со раководните лица на италијанскиот гигант Милан предводени од Извршниот директор, Марко Фасоне.

На средбата во Милано во пресрет на вечерашната прва пресметка од последното квалификациско коло за Лигата на Европа, двата клупа искажаа отворена желба и за почеток на соработка во иднина во рамките на заедничкиот интерес за развој на фудбалската игра.

Беџети му подари на Фасоне и специјални уникати автентични за Тетово, како и комплетни материјали за македонскиот вицешампион, ФК Шкендија.

Се вчитува...