Претседателот на Шпанската Фудбалска Федерација уапсен за корупција

Шпанскиот фудбал го тресе огромен скандал откако претседателот на Фудбалската Федерација на оваа земја, Анхел Марија Вилјар, денеска е притворен заедно со неговиот син Горка и со уште неколку лица.

Припадници на полицијата утрово влегле во канцелариите на Шпанската Фудбалска Федерација и го притвориле првиот човек на шпанскиот фудбал, воедно запленувајќи и значаен дел од документацијата.

Неофицијално, истрага се однесува на проневера на фондови на федерацијата и потпишување на штетни договори со компании кои секогаш биле блиски до синот Горка Вилјар.

Анхел Марија Вилјар цели 29 години е претседател на Шпанската Фудбалска Федерација, функција на која нов четиригодишен мандат пред само два месеци.

Се вчитува...