Прифатена жалбата на Реал, Начо ќе игра против Селта

Зинедин Зидан ќе може да смета на услугите на  Начо за вечерашниот натпревар против Селта откако Комисијата за Апелација го поништи жолтиот картон што дефанзивецот го заработи во финишот од последниот дуел со Севилја.

Судијата Малјенко во својот извештај навел дека Начо пожолтел “поради дискусија со противнички фудбалер“, но членовите на „апелација“ ги прифатија аргументите на „кралскиот клуб“. Начо отпатува со остатокот на тимот за Виго во исчекување на одлуката за неговата жалба, па откако истата беше прифатена тој дефинитивно ќе му се стави на располагање на Зидан.

Реал моментно има ист број бодови како и Барселона, но вечерашниот натпревар е заостанат и со него „кралевите“ можат да избијат на првото место на табелата на Примера дивизион. Во последните две кола, на гостувањата против Селта и Малага, Реал треба да освои најмалку четири бода за сигурно да ја освои титулата првак на Шпанија.

Се вчитува...