ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Осогово славеше против Кожуф, триумф и на Саса… (ФОТО)

Реновираниот состав на ГФК Осогово комплетно го надигра тимот на Кожуф славејќи со 1-0 на пријателскиот натпревар одигран во Кочани.

Стрелец на единствениот гол за „жолто-сините“ беше едно од низата засилувања, Владимир Жоглев во 39. минута од мечот.

Тренерот на Осогово, Крсте Крстев денешниот меч го почна во следниот состав: М. Горгиев, Ј. Манев, Т. Манов, Х. Митревски, К. Блажев, С.Цветанов, А. Коцевски, С. Митев, В. Жоглев, Н. Костадинов, Д. Паунов
Во второто полувреме влегоа: М. Андонов, Б. Ангеловски, П.Петров, Н. Стоиловски, К. Јорданов, А.Гаврилов, П. Георгиевски, М. Чичевски, А. Јонузи, С. Стојов.

Следен контролен меч за ГФК Осогово е гостувањето во Прилеп и мечот против прволигашот Победа кој се игра на 7. февруари.

КАМЕНИЦА САСА УБЕДЛИВА ПРОТИВ МЛАДИНСКИОТ ТИМ НА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

Второлигашот Каменица Саса со 3-0 ја победи младинската екипа на Академија Пандев на тестот кој се одигра на градскиот стадион во Македонска Каменица.

Домашните поведоа уште во првото полувреме со убавиот погодок на Никола Димовски, а во вториот дел стрелаа и Дамјан Ивановски и Ефтим Аксентиев.

За издвојување од дуелот е дебито за сениорскиот тим на 15-годишниот голман на Каменица Саса, Филип Гоцевски кој потекнува од фудбалската школа на второлигашот од Македонска Каменица.

Ова е втор контролен натпревар на Саса против струмичка екипа. Во првиот натпревар зимава Саса одигра нерешено (1-1) против Беласица во Струмица.

Се вчитува...