ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Осогово загуби во Лесковац, победи за Гостивар, Борец, Беласица…, реми на Еуромилк ГЛ

По претходната победа над Кожуф од 1-0 и ремито со прилепска Победа (1-1) второлигашот Осогово го запиша и првиот пораз за време на зимските подготовки пред стартот на пролетниот дел од шампионатот.

Кочанци вчера загубија од српскиот второлигаш Дубочица на гостувањето во Лесковац со 2-1. Осогово настапи без тројца првотимци, Паунов, Блажев и Цветанов, а стрелец на единствениот гол за македонската екипа беше Стојче Стојов во 74. минута од средбата.

Тренерот Крстев мечот го започна во следниот состав: А. Игески, Ј. Манев, Т. Манов, Х.Митревски, Д.Велевски, К. Јорданов, С.Митевски, А. Коцевски, В. Жоглев, Н. Костадионов, П.Петров. Настапија уште: М.Андонов, Б.Ангеловски, Д. Анчов, Н. Стоиловски, Х.Ќосевски, П.Георгиевски, А. Гаврилов, С.Стојов.

ГОСТИВАР СЛАВЕШЕ ПРОТИВ ТЕТЕКС (2-1)

Гостивар славеше на пријателскиот дуел против Тетекс со 2-1. Стрелци на головите во победата на гостиварци без Флорент Османи и Бетим Мифтари во  првото полувреме, а „штофарите“ единствено успеаја да го ублажат поразот со гол во вториот дел.

Следниот тест дуел за Гостивар ќе биде против Брегалница на 24. февруари.

БЕЛАСИЦА УБЕДЛИВА СО БУГАРСКИ ВИХРЕН (4-2)

Беласица запиша уште една победа за време на подготвителниот период славејќи вчера со 4-2 против бугарскиот Вихрен од Сандански.

На дуелот кој се играше на Спортскиот центар „Истатов“ во Нов Дојран, Беласица победи со головите на Крсте Тодоров и Пепи Ѓорѓиев кои по двапати стрелаа во противничката мрежа.

ЕУРОМИЛК ГЛ РЕМИЗИРАШЕ БЕЗ ГОЛОВИ СО СРПСКИ МОРАВЕЦ ОРИОН

Второлигашот од Аеродром, Еуромилк ГЛ ремизираше без голови со српскиот Моравец Орион на дуелот кој се одигра на комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Тимот на Љупчо Димовски беше подобар противник, имаше неколку одлични можности за гол, но на крај мрежите мируваа.

Еуромилк ГЛ настапи во следниот состав: Нунеси, Јовановски, Тасевски, Крстевски, Лекоски, Павловски, Рафески, Тодоровски, Ибраимов и Галевски. Уште играа: Блажевски, Стојановски, Алиу, Јаневски и Ѓурчиновски.

ЛАБУНИШТА ДО РЕМИ (0-0) СО ТЕМНИК ОД СРБИЈА

И Лабуништа одигра натпревар без голови против српската екипа Темник од Србија.

Како што нагласуваат од редовите на македонскиот второлигаш одигран е квалитетен натпревар со кој тимот покажа дека веќе е подготвен за пролетните предизвици во Втората лига – Запад.

БОРЕЦ ЈА ДЕКЛАСИРАШЕ БРЕГАЛНИЦА (4-1)

На пријателски натпревар одигран во Велес, Борец ја декласираше Брегалница победувајќи со убедливи 4-1.

Велешани беа далеку подобар противник, комплетно доминирајќи на теренот против штипјани за кои единствениот гол го постигна Лазар Илиев.

Следниот тест на Брегалница е на 24. февруари против Гостивар.

Се вчитува...