Притвор за хулиганите од „Југ“, се соочуваат со казна затвор од 12 години!

Судот во Белград одреди мерка притвор од 30 дена за пет од шестте хрватски хулигани кои учествуваа во немирите меѓу навивачите на Партизан на вечното дерби во Белград.

Пет хрватски платеници добија мерка притвор, Иван Мишковиќ, Стјепан Миховиловиќ, Хрвоје Баковиќ, Јков Подруга и Дамир Товаровиќ, а дополнително пред судот ќе биде изнесен Анте Фириќ кој во моментов се наоѓа во Военомедицинската академија во Белград поради тешки повреди. Но, наскоро и тој се очекува да доби притвор од општинскиот суд во Белград.

Сите хулигани пред судијата се бранеле со молчење. Наскоро ќе им се суди, а за вакво дело се соочуваат и со казна затвор од 12 години. Сите веднаш се однесени во еден од најозлогласените затвори на поранешните простори од Југославија во Белград, од кој е невозможно бегство.

Српските медиуми најавуваат можност за притвор и на уште десеттина хулигани кои се уапсени по инцидентот, а како што пишуваат меѓу нив има и неколку Бугари, Македонец и Грк.

 

Се вчитува...