Признанија за вардарки – Пенезиќ МВП, Лејно најдобар голман

Покрај победничкиот пехар, вардарки собраа и две индивидуални признанија во ВРХЛ лигата. За МВП во завршните натпревари во регионалната лига е прогласена Андреа Пенезиќ. А, Амандин Лејно го доби признанието за најдобар голман.

Во трите најдобри ракометарки во завршницата на ВРХЛ лигата, меѓу вардарки призние доби и ракометарката на Будуќнот, Кристина Неагу која е најдобар стрелец во завршните натпревари.

Се вчитува...