Проблем за Германија: Генсхајмер е неизвесен за СП!

Европскиот шампион Германија се соочува со неочекуван проблем на само еден ден пред официјалниот почеток на мундијалот, откако беше обелоденето дека настапот на Уве Генсхајмер на претстојното Светско Првенство е крајно неизвесен.

Не станува збор за повреда, туку за семејна трагедија откако во текот на вчерашниот ден починал таткото на ракометарот на ПСЖ. Уве бил во шок и му било дозволено веднаш да го напушти националниот тим и да се упати кон своите најблиски, а челниците на репрезентацијата очекуваат самиот ракометар да реши дали ќе може да настапи на мундијалот во Франција.

Уве Генсхајмер самиот најдобро се познава и може да процени дали во следниот период би можел да биде максимално фокусиран на ракометот и репрезентацијата. Затоа, тој самиот ќе ја донесе одлуката дали ќе игра на СП или не“ – изјави Боб Хенинг, потпретседател на Германската Ракометна Федерација.

Германија е дел од групата Д на СП 2017 заедно со селекциите на Унгарија, Хрватска, Белорусија, Чиле и Саудиска Арабија. Европските шампиони својот прв меч во Франција ќе го играат в петок, кога за противник ќе ја имаат селекцијата на Унгарија.

Се вчитува...