Проблем за Јувентус – се повреди Гонзало Игуаин

Јувентус во вториот дел од оваа сезона се соочува со бројни проблеми со повредите на стандардните првотимци, но ситуацијата кулминираше со денешниот дерби дуел со Торино на кој на самиот почеток незгодна повреда заработи Гонзало Игуаин.

Најдобриот стрелец на „старата дама“ во еден обид да стигне прв до топката имаше мал судир со домашниот голман Сиригу, по што остана да лежи на теренот. По укажаната лекарска помош Игуаин се обиде да продолжи, но неколку минути подоцна повторно се пожали на болка и максимално разочаран се упати кон клупата за резерви, препуштајќи му го своето место на Бернардески.

Во следните 24 часа би требало да се појават и подетални информации околу сериозноста на повредата на аргентинскиот ас, а повеќе од јасно е дека негова евентуална подолга пауза ќе значи и сериозен удар за шансите на Јувентус во трката за скудетото.

Се вчитува...