Проблем за Веспрем: Наѓ го скрши палецот на раката - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/10/2017 22:47
Ракомет
23/10/2017 17:02
Коментари
23/10/2017 13:15
Останато
22/10/2017 20:35

Проблем за Веспрем: Наѓ го скрши палецот на раката

Проблем за Веспрем: Наѓ го скрши палецот на раката

Веспрем почна одлично во новата сезона од Лигата на шампионите, освојувајќи максимални осум бода по првите четири кола. Сепак, унгарскиот капитен се соочува со првиот сериозен удар откако беше обелоденето дека капитенот Ласло Наѓ на дуелот против Кил заработил скршеница на палецот.

Иако не станува збор за неговата шутерска рака, повредата е незгодна, па тренерот Врањеш нема да може да смета на својот најдобар десен бек во периодот од четири до шест седмици.

Ласло Наѓ заработи повреда на дуелот со Кил, веднаш беше пренесен во болница, каде е утврдено дека станува збор за скршеница на палецот на десната рака. Му посакуваме на Ласло брза рехабилитација, тој навистина нема среќа во октомври бидејќи лани во истиот месец се здоби со скршеница на раката“ – објави Веспрем на својата официјална веб-страница.

Наѓ ќе ги пропушти дуелите со Кјелце и со Алборг, а во Веспрем се надеваат дека капитенот ќе се врати навреме за двомечот од ЛШ против европскиот вицепрвак ПСЖ, дуели закажани за 12 и за 18 ноември.

Воедно, Ласло Наѓ денеска обелодени дека ја завршува својата репрезентативна кариера по 199 натпревари одгирани во дресот на унгарскиот национален тим.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.