Проблем за ЖРК Вардар: Се повреди Лакабрер - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
26/07/2017 18:35
Кошарка
26/07/2017 17:12
Фудбал
25/07/2017 22:15
Фудбал
25/07/2017 22:59

Проблем за ЖРК Вардар: Се повреди Лакабрер

Проблем за ЖРК Вардар: Се повреди Лакабрер

Екипата на ЖРК Вардар се соочува со сериозен проблем на дваесетина дена пред четвртфиналните пресметки од ЛШ откако Александра Лакабрер заработи повреда при настапот за својата репрезентација.

Десниот бек се повреди на половина од полувремето од мечот од „Златната лига“ меѓу Франција и Русија. Според првичните информации од француските медиуми, станува збор за проблем со мускулот на десната нога и Лакабрер сигурно нема да се врати на терените до крајот на натпреварот.

За очекување е француската ракометарка во следните неколку дена да пристигне во Скопје, по што ќе бидат познати повеќе детали околу сериозноста на повредата и должината на паузата.

ЖРК Вардар првиот меч од четвртфиналето од ЛШ против Митјиланд го игра на 9 април, па лекарскиот тим на „црвено-црните“ ќе има дваесетина дена да се обиде да ја оспособи оваа ракометарка за настап.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.