Продадени 38.000 билети за Милан – Шкендија, и 2.000 „Балисти“ на „Сан Сиро“

На околу три часа до почетокот на првиот натпревар од плеј-оф квалификациското коло за Лигата на Европа меѓу Милан и Шкендија продадени се 38.000 билети, информираа од миланскиот клуб.

Италијанците, како што сами информираат, повторно се изненадени од високиот број продадени билети со оглед на тоа што на Апенинскиот полуостров е во тек августовскиот колективен одмор, а се уште е и предсезона во италијанскиот фудбал.

„Околу 40.000 навивачи кои ќе не поддржуваат вечерва е навистина одлична бројка“ – пишуваат од Милан.

Капацитетот на „Сан Сиро“ е 80.000 седишта, што значи еден од најголемите италијански стадион ќе биде половично исполнет.

Шкендија ќе има своја армија поддржувачи. Околу 1.500 „Балисти“ допатуваа од Македонија денеска во Милано, а се очекува уште толку иселеници од Италија и Швајцарија да дадат поддршка за македонскиот прволигаш.

Се вчитува...