Продадени повеќе од 4.000 билети за Вардар - Малме, пренос во живо на ТВ Нова - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Меѓ. Фудбал
26/09/2017 22:41
Кошарка
26/09/2017 21:01
Ракомет
26/09/2017 17:49
Фудбал
26/09/2017 12:18

Продадени повеќе од 4.000 билети за Вардар – Малме, пренос во живо на ТВ Нова

Продадени повеќе од 4.000 билети за Вардар – Малме, пренос во живо на ТВ Нова

Полн стадион „Младост“ во Струмица се очекува за утрешниот реванш натпревар меѓу Вардар и Малме од 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Според последните информации повеќе од 4.000 билети се распродадени за европскиот натпревар на македонскиот шампион, па домаќините дефинитивно очекуваат без малку комплетно распродаден стадион до утре, со исклучок на оние места кои мора да бидат резервирани за гостински навивачи.

По неизвесноста која владееше меѓу македонските фудбалски фанатици кои нема да може да присуствуваат на натпреварот во Струмица, денеска и информацијата дека мечот ќе биде пренесуван во живо на ТВ Нова со почеток од 18 часот.

По првиот дуел Вардар има позитивен резултат од Малме, 1-1, кој носи сериозна надеж за пласман во следната рунда европски натпревари.

Главен судија ќе биде Украинецот Анатолиј Жабченко, а ќе му помагаат сонародниците Александар Војток и Сергеј Бекер. Четврти судија ќе биде Александар Дердо.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.