Продолжи дуелот во Тетово: Двете екипи без капитените…

По инцидентот што се случи во 32.минута од куп-дуелот меѓу Шкендија и Вардар, а судијата Александар Ставрев го прекина привремено мечот, повторно се игра фудбал на Градскиот стадион во Тетово. По тепачката во која учествуваа капитените Ферхан Хасани и Бобан Грнчаров, а се придружија и неколку други фудбалери од двете екипи, Ставрев нареди повлекување во соблекувалната, а прекинот траеше околу дваесетина минути.

skendija - vardar

Откако се смирија страстите, Ставрев означи продолжение на мечот, а двете екипи ќе бидат без капитенот Хасани и Грнчаров кои заработија црвени картони…

Се вчитува...