Прокоп премногу лут: Никој не им кажа така за последниот напад!

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски

Селекторот на Германија, Кристијан Прокоп по синоќешното реми со Македонија беше задоволен од резултатот на мечот, со оглед на тоа што македонската селекција преку Стоилов не реализираше зицес за победа, но искажа револт од тоа што неговите играчи не го испочитувале договореното на тајм-аутот за последниот напад.

Германците одиграа дијагонала за Грецки на десната крилна позиција, но него повеќе од умешно го блокираше Дејан Манасков…

„Не можам да бидам задоволен. Не поради резултатот туку поради тоа што одигравме аматерски во последниот напад. Тоа беше крајно недисциплинирано од играчите. На тајм-аутот договоривме три варијанти за напад, но ниту една не беше да се игра дијагонала на Грецки. Не знам од каде им дојде тоа, никој не им кажа така. Планот беше или да шутне бекот, или да одиме на пикер, или во краен случај да се додаде до Генсхајмер кој имаше добра рака цел меч. Таа дијагонала која ја одигравме беше најлошата опција, а всушност не ни беше опција“ – вистакна германскиот селектор по синоќешниот дуел во Загреб.

Се вчитува...