Промени во Охрид: Потпиша Донакоски, си замина Лијам

Раководството на Охрид се реши за промени во ростерот за време на паузата поради репрезентативни настапи. Австралискиот кошаркар Томас Лијам повеќе не е член на охридскиот клуб откако овој центар не ги оправда очекувањата на стручниот штаб и на управата на клубот.

Тој доби раскин на договорот, а на негово место Охрид го ангажираше поранешниот младински репрезентативец, Стефан Донакоски, кој пристигнува од редовите на Карпош соколи. Донакоски веќе почна со тренинзи во салата „Билјанини извори“ и веднаш ќе му биде на располагање на тренерот Петар Чочороски.

Кошаркарите на АВ Охрид мечевите ги продолжуваат в среда со дуелот против Теодо, додека во Првата лига ќе се сретнат со Гостивар во „Билјанини Извори“.

Се вчитува...