Промоција на Барди: Леванте е едно големо семејство

Леванте вчера го официјализираше трансферот на Енис Барди од Ујпешт, а македонскиот репрезентативец денеска на прес-конференција и официјално беше претставен пред шпанската фудбалска јавност. Одличниот играч за врска не го криеше задоволството што добива можност за преселба во Шпанија и настап во една од најсилните лиги во Европа.

Голема благодарност до Леванте, што ми укажува можност да заиграм во Ла лига, еден од најсилните шампионати во светот. Одлично сум примен од соиграчите и од сите во клубот, веднаш е јасно дека Леванте е едно големо семејство. Среќен сум што сум овде, целта ми е да напредувам од ден на ден и да давам се од себе во дресот на Леванте“ – изјави Барди на својата промоција.

Првиот човек на Леванте, Кико Каталан, не го криеше задоволството што од многуте клубови заинтересирани за неговите услуги, Барди го одбрал токму овој шпански прволигаш.

Барди, ти благодариме што избра да го носиш токму дресот на нашиот клуб. Убедени сме дека ова ќе биде одлично искуство за тебе, воедно и се надеваме дека со својот квалитет и инвентивност ќе ни помогнеш да ја оствариме целта – обезбедување на опстанок во елитата“ – изјави претседателот на клубот, Кико Каталан.

Се вчитува...