Прв гол на Лукаку за Јунајтед, повреда на Хуан Мата

Манчестер јунајтед забележа победа и на втората контролна средба во САД, овојпат триумфирајќи со 2-1 на дуелот против Солт лејк сити. Ромелу Лукаку на овој меч го постигна својот прв гол во дресот на „ѓаволите“, оној победничкиот за 2-1 откако претходно во листата на стрелците се запиша и Хенрик Мхитаријан.

Сепак, Жозе Мурињо има причина за загриженост по оваа средба бидејќи Хуан Мата заработи повреда по еден груб старт на Саиседо. Тоа ги разгоре страстите, па нешто подоцна Валенсија стартуваше грубо врз Саиседо, по што Еквадорецот од Манчестер јунајтед заработи директен црвен картон.

„Црвените ѓаволи“ во третиот меч од американската турнеја в петок наутро ќе се сретнат со екипата на Хјустон.

All Goals & Highlights – Real Salt Lake 1 – 2… by ZidaneHD

Се вчитува...