Прв натпревар за Зајков во шампионатот на Белгија сезонава

Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков го одигра првиот натпревар сезонава во дресот на Шарлроа во белгискиот шампионат.

Зајков ја одигра целата средба од 10. коло во првенството, во кој Шарлроа пред своите навивачи ремизираше (2-2) со Еупен. Гостите до бод стигнаа со гол во 87. минута, иако во поголемиот дел од дуелот Шарлроа имаше водство.

Македонскиот дефанзивец првпат доби шанса за настап сезонава во најсилната лига на Белгија, откако претходно настапи за својот клуб и во натпреварувањето во Купот. Шарлроа оваа сезона се бори со Бриж за шампионската титула во Белгија.

Се вчитува...