Прв пат на стадион по суспензијата – Платини навиваше за Ст.Етиен

Поранешниот претседател на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Мишел Платини, се појави на стадионот прв пат по ланската суспензија од сите активности во фудбалот. Французинот беше на трибините на стадионот „Жофре-Гишар“ на натпреварот во кој неговиот поранешен клуб Ст.Етиен беше елиминиран од Манчестер јунајтед во 16-финалето на Лига Европа.

Платини беше суспендиран од сите фудбалски активности поради судир на интереси бидејќи во 2011 година како советник добил 1.8 милиони долари од Светската фудбалска федерација (УЕФА).

Легендарниот француски фудбалер, не гледаше ниеден натпревар на ланското Европско првенство на кое Франција беше домаќин, иако Етичкиот одбор во ФИФА му одобри присуство на натпреварите.

Се вчитува...