Прв Суперкуп на Македонија во ракомет – Вардар против Работник

Ракометната Федерација на Македонија донесе одлука за воведување на меч од Суперкупот на Македонија, во кој честа први во историјата да ги одмерат силите ќе имаат екипите на Вардар и на Работник.

Вообичаено, на овие натпревари се среќаваат шампионите и освојувачите на националните купови, но бидејќи кај нас Вардар ја освои двојната круна, Работник добива шанса да биде дел од Суперкупот како финалист на ланското издание од Купот на Македонија.

Натпреварот е закажан за вторник (12 септември 2017) во 17 часот во салата во СЦ „Јане Сандански”, како увертира за стартот на новата ракометна сезона во Македонија, во која Вардар повторно ќе го прескокне првиот дел поради учеството во СЕХА-лигата.

Се вчитува...