Прв во историјата – Дрејмонд Грин до „трипл-дабл“ со помалку од 10 поени

Крилото на Голден стејт, Дрејмонд Грин се запиша во историјата на НБА лигата како прв кошаркар кој успеал да запише „трипл-дабл“ со помалку од 10 постигнати поени.

Грин во победата на Вориорс над Мемфис од 122-107, запиша 4 поени, 12 скока, 10 асистенции и 10 украдени топки со што си најде место во историјата. Имаше притоа плус и пет блокади.

Голден стејт до победата беше предводен од Клеј Томпсон со 36 поени, додека Мајк Конли за домашните постигна 20 поени.

Мајами ја запиша и 13-та едноподруго победа на гости против Бруклин со 108-99. Во редовите на Мајами се издвои Џејмс Џонсон со 26 поени и осум скока, а го следеше Горан Драгиќ со 21 поен.

Кошаркарите на Сакраменто во возбудлив натпревар славеа против Атланта со 108-107. ДеМаркус Казинс запиша 22 поени, 11 скока и седум асистенции, а по 22 поени имаа и Бен МекЛемор и Дарен Колисон.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Сан Антонио 92-103, Њујорк – Денвер 123-131, Милвоки – ЛА Лејкерс 114-122, Минесота – Њу Орлеанс 106-122, Вашингтон – Индијана 112-107, Феникс – Чикаго 115-97

Се вчитува...