Прва акција на новите сопственици: Донарума да остане во Милан

Кинескиот инвестициски фонд „Фининвест“ е нов мнозински сопственик на италијанскиот калчолигаш Милан, откако вчера го откупија клубот од „Сан Сиро“ од Силвио Берлускони за сума од 740 милиони евра. Новиот претседател, Јонгонг Ли, веднаш ќе се зафати за работа и ќе почне со создавање на тимот на иднината. А клучна фигура треба да биде фантастичниот млад голман, Џанлуиџи Донарума, кој веќе е и италијански репрезентативец.

Новите сопственици планираат да му понудат на Донарума нов долгогодишен договор за да остане на „Сан Сиро“ најмалку уште шест години. Ќе го направат еден од најдобро платените играчи во составот. За останатите засилувања, ќе имаат детални разговори со тренерот Винченцо Монтела, но откако „росонерите“ утре ќе го одиграат градското дерби против Интер. Мечот ќе се игра во 12.30 часот по средноевропско време, за да може во живо да следи и на кинескиот фудбалски пазар. Како што е познато, сега и двата клуба од Милано се под раководна палка на кинески сопственици.

Се вчитува...