Прва делба на злато по 20 години на едни Олимписки игри

Екипите на Канада и Германија го поделија златниот медал на ЗОИ 2018 во боб двосед.

Првпат после 20 години, најсјајното одликување го поделија два тима затоа што завршија со идентично време од 3:16.86 минути.

Канада ја претставуваа Џастин Крипс и Александар Копач, додека Германија Франческо Дридрих и Торстен Маргис.

Бронзениот медал го освои Летонија со Оскарс Мелбардис и Јанис Стренга кој го донесе првото одликување на својата земја во Пјонгчанг. Летонија е 27-та земја која освои медал на ЗОИ што е рекорд на натпреварувањата.

Се вчитува...