ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Аце Стојков во својата Струмица „запечатува“ победа за Вардар

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА – 17. КОЛО

Скопје: СКОПЈЕ – ПОБЕДА (0-1)

Гешоски 9′(п)

Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ (2-2)
Маркоски 28′, Лукас Фереира 38′ – Љамчевски 80′(аг), Мухарем 86′
Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-2)
Максимов 45’+1, Стојков 88′

Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (2-1)

Ѓорѓевиќ 48′, Стојчевски 65′ – Стјепановиќ 7′

ВЧЕРА

Тетово: РЕНОВА – ШКЕНДИЈА 1-6

ТАБЕЛА: Шкендија 43 бодаВардар(-2) 32, Академија Пандев 25, Силекс 25, Работнички(-1) 23, Шкупи(-1) 19, Ренова 17, Победа 18Пелистер(-1) 16, Скопје(-1) 9 бода.

=========================================================================

Крај и на дуелот во Кратово, во исклучително тензичен натпревар триумф на Силекс против Работнички од 2-1!

Крај и на натпреварите во Струмица и во Автокоманда! Победа на Вардар во Струмица, триумф од 0-1 на Победа против Скопје!

Крај на натпреварот во Битола. Пелистер прокоцка предност од 2-0 против Шкупи. На крајот 2-2!

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-2)

0-2 – 88′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Убав контранапад на Вардар, Аце Стојков избива сам по десната страна и прецизно ниско по земја стрела за 0-2!

ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ (2-2)

2-2 – 86′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Пелистер успеа да прокоцка предност од 2-0. Со голот на Сехељ Мухарем, Шкупи израмнува во Битола!

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-1)

79′ – Одличен шут на Хуан Фелипе од 15 метри откосо, но Вујанац со извонредна интервенција спречува зголемена предност за Вардар

ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ (2-1)

2-1 – 80′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Со автоголот на Благоја Љамчевски, Шкупи успева да го намали водството на битолчани

fk skopje- fk pobeda 2 del (2)

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-1)

74′ – Убав контранапад на Вардар, нововлезениот Аце Стојков одлично го проигра Велковски кој се најде во нападот, но неговиот шут од 12 метри беше непрецизен

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (2-1)

2-1 – 65′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Глигоров нафрли од левата страна, на вториот дирек се најде Стојан Стојчевски и со удар со глава донесе водство за кратовскиот тим.

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (1-1)

57′ – Се повеќе нервоза меѓу фудбалерите на двете екипи. По една мешаница, судир меѓу играчите, па жолти картони за Глигор Глигоров кај Силекс и Кире Маркоски кај Работнички.

Mesanica Sileks - Rabotnicki

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (1-1)

52’ – Милош Ѓорѓевиќ шутираше откосо од десната страна, над голот на Работнички

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-1)

54′ – Одличен обид на Хуан Фелипе од слободен удар, но за малку покрај голот

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (1-1)

1-1 – 48′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Глигор Глигоров нафрли од слободен удар, а Милош Ѓорѓевиќ скокна највисоко и со удар со глава ја затресе мрежата на Работнички

Почеток на второто полувреме…

Akademija Pandev - Vardar 9

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-1)

0-1 – 45’+1 – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. По нафрлањето од десната страна на Хамбарџумјан, Максим Максимов со глава од 5-6 метри носи водство за гостите!

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (0-1)

35′ – Убава можност за Силекс. Глигор Глигоров шутира од работ на шеснаесетникот, но над голотна гостите!

ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ (2-0)

2-0 – 38′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Со погодокот на Бразилецот Лукас Фереира, Пелистер ја зголемува предноста против Шкупи

IMG_8472

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-0)

33′ – Одличен шут на Глигоров од 22 метри, но Вујанац брани исфрлајќи во корнер

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-0)

29′ – Најголемата шанса на мечот. Глишиќ нафрли од лево, Вујанац киксираше пред својот гол а топката дојде до Стојчевски кој од 16 метри промаши празен гол

ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ (1-0)

1-0 – 28′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Со погодокот на Ристе Маркоски, Пелистер поведува во Битола против Шкупи

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-0)

20′ – Одлична акција на Академија Пандев. Иванов го проигра Стоилов по десната страна кој се проби во гостинскиот шеснаесетник, но Висар Муслиу расчистува во последен момент

Akademija Pandev - Vardar 2

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-0)

17′ – Без многу возбудувања на дуелот во Струмица. Нема вистински шанси ниту на едната, ниту на другата страна!

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ (0-1)

0-1 – 7′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Евро-гол на Остоја Стјепановиќ кој со мајсторски шут од околу 18 метри стрела под гредата од голот на Силекс

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-0)

8′ – Стојчевски со прв обид за Вардар,шутира од 20 метри но високо над голот на домашните

СКОПЈЕ – ПОБЕДА (0-1)

0-1 – 9′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Благоја Гешоски прецизно стрела од белата точка за водство на прилепчани во Автокоманда

IMG_8468

СКОПЈЕ – ПОБЕДА (0-0)

!!! – 7′ – Поради груб старт директен црвен картон за Борче Ужевски во редовите на Скопје. И пенал за гостите.

  • Околу 4.000 гледачи на натпреварот меѓу Академија Пандев и Вардар во Струмица

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР (0-0)

3′ – Одличен центаршут на Вареловски од десната страна, но Балдовалиев пред голот на Вардар само за малку задоцни

ПОЧЕТОК НА ЧЕТИРИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД 17. КОЛО ВО ПМФЛ…

  • Вардар на гостувањето во Струмица ќе биде со значително променет состав, без капитенот Бобан Грнчаров и без странците за кои стандардно има место во првиот тим стоперот Евгениј Новак, Ерменецот Барсегјан, Грузиецот Џигаури, како и без Србинот Вања Марковиќ и Бразилецот Итало кои се на клупата… Во тимот ќе недостасува и повредениот левокрилен дефанзивец Бесир Демири.
  • Академија Пандев, пак, единствено ќе биде без недоволно опоравениот репрезентативец Љупчо Дориев кој е на клупата за резервни фудбалери…

Состави Академија Пандев - Вардар

  • Во Кратово, Силекс и Работнички главно со очекуваните состави…

Состави Силекс - Работнички

  • Познати и составите за пресметката во Битола меѓу Пелистер и Шкупи…

Состави Пелистер - Шкупи

=========================================================================

Стартуваат натпреварите од 17. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Во најинтересниот меч, Вардар во заостанатиот натпревар од 8. коло гостува на Академија Пандев во Струмица, а интересно се очекува да биде и на дуелот меѓу Силекс и Работнички во Кратово.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...