ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Вардар лесно, без победник на дербито во Битола… (ФОТО)

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 2. КОЛО

Скопје: ВАРДАР – ПОБЕДА (4-0)

Барсегјан 4′, Којашевиќ 45’+, Итало 69′, Фелипе 87′(п)

Битола: ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ (1-1)

Љамчевски 66′ – Маркоски 50′

Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СКОПЈЕ (2-0)

Дориев 6′, Атанасов 36′

ВЧЕРА

Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС 0-3

УТРЕ

Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА

ТАБЕЛА: Силекс 6 бода, Академија Пандев 4, Пелистер 4, Шкендија(-1) 3, Вардар 3, Работнички 2, Шкупи(-1) 1, Ренова 1, Скопје и Победа без бодови.

=========================================================================

КРАЈ НА ТРИТЕ НАТПРЕВАРИ!

ВАРДАР – ПОБЕДА (4-0)

4-0 – 87′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Хуан Фелипе носи водство и од 4-0 со удар од белата точка

ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ (1-1)

79′ – Одлична шанса за Пелистер, по центаршутот на Тодоровски топката стигна до Лукас, Бразилецот биеше со глава од пет-шест метри, но топката заврши сантиметри крај левиот дирек

ВАРДАР – ПОБЕДА (3-0)

3-0 – 69′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. По нафрлањето од левата страна, Бразилецот Итало најпрво се обидува со глава, но по одбраната на гостинскиот голман одбиената топка ја сместува во мрежата

ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ (1-1)

1-1 – 66′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Долга акција на Пелистер што ја крунисува со гол Благојче Љамчевски, кој одлично финтираше во шеснаесетникот, за потоа со удар со левата нога да го матира Шишковски

ВАРДАР – ПОБЕДА (2-0)

59′ – Најновото засилување на Вардар, Бразилецот Итало се обиде со шут од 18 метри, но гредата од голот на Победа спречи и поубедливо водство на „црвено-црните“

ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ (0-1)

58′ – Баже Илијоски постигнува гол за Пелистер, истиот е оправдано поништен поради офсајд

ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ (0-1)

0-1 – 50′ – ГООООЛ НА РАБОТНИЧКИ. Кире Маркоски одлично втрча од позадина, излезе очи в очи со Марко Јовановски и ја затресе мрежата на Пелистер

Почеток на второто полувреме на трите натпревари од 2. коло во ПМФЛ

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

ВАРДАР – ПОБЕДА (2-0)

2-0 – 45’+1 – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. По шутот од левата страна, брани гостинскиот голман а на одбиената топка натрчува Којашевиќ и од 7-8 метри сместува во празната мрежа

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СКОПЈЕ (2-0)

2-0 – 36′ – ГООООЛ ЗА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ. Одлична асистенција на Манојловски од десната страна, а Јани Атанасов од само неколку метри погодува во мрежата на гостите

ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ (0-0)

33′ – Зовреа страстите во Битола. Кире Маркоски набрзина имаше два груби старта, по што влезе и во конфликт со Ковачев, мешаница во која се вмешаа играчи од двата тима. Судијата им покажа жолти картони на двајцата фудбалери.

pelister - rabotnicki 2

ВАРДАР – ПОБЕДА (1-0)

28′ – Барсегјан се најде во нова одлична ситуација, но шутира од 16 метри над гредата од гостинскиот гол

ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ (0-0)

17′ – Пелистер се обидува да притисна, но одбраната на Работнички предводена од Рашо и од Митрев засега функционира одлично

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СКОПЈЕ (1-0)

10′ – Пецов испраќа одличен шут, но гредата од голот на домашните спречува израмнување во Струмица

Pelister - Rabotnicki 4

ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ (0-0)

8′ – Велинов упати силен удар од дваесетина метри со левата нога, домашниот голман одбрани

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СКОПЈЕ (1-0)

1-0 – 6′ – ГОООООЛ ЗА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ.

ВАРДАР – ПОБЕДА (1-0)

1-0 – 4′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Убав погодок на Барсегјан кој шутира од 15 метри под гредата од голот на Победа

ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ (0-0)

4′ – Прва закана на „пелистерци“. По корнерот на Љамчевски, Лукас од непосредна близина но шутира непрецизно

  • ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 2. КОЛО ВО ПМФЛ

=========================================================================

Стартуваат натпреварите од 2. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Денеска на програмата се три натпревари од второто коло, во Скопје, Битола и во Струмица.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...