ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: „Слалом“ на Херера, гол на Силјановски – реми на градското дерби

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 33.КОЛО

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР  (2-2)

Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС – (1-0)

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА (1-2)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (2-3)

ВЧЕРА: ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 1-0 

=======================================================================

  • Крај на сите натпревари кои беа дел од денешната програма во Првата Фудбалска Лига

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (1-3)

69’, ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП – Храбрата игра на „лавовите“ вроди со плод, па со голот од пенал на Здравковски Македонија ЃП го ублажи поразот од вицешампионо.

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР  (1-2)

87’ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ… Работнички повторно израмнува. Херера извонредно продре по левата страна, мина неколку гостински фудбалери и нафрли, а Силјановски со прецизен удар од десетина метри откосо донесе израмнување.

БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА  (1-2)

79’, ГООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА – Домаќините се враќаат во игра со голот со глава на Бојан Миовски, кој само неколку секунди по влегувањето во игра се најде на вистинското место по центаршутот од еден од своите соиграчи и ја преполови предноста на Победа.

БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА  (0-2)

74’, ГООООЛ ЗА ПОБЕДА – Победа веќе води со 0-2 на ова тешко гостување. „Сините“ наивно ја загубија топката на сопствената половина, по што следеше брза акција по левата страна на прилепчани, по која Станиќ од еден метар ја смести топката во празната мрежа.

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (1-3)

69’, ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП – Во меч со прекрасни погодоци, најубавиот го постигна домашниот фудбалер Кристијан Стојкоски, кој со прекрасен лоб удар од работ на шеснаесетникот го совлада гостинскиот голман.

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (0-3)

65’, ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА – Прашањето на победникот е решено, Алими овојпат е во улога на асистент, а од непосредна близина реализатор беше Радески, кој го постигнува третиот гол за Шкендија на оваа средба.

БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА  (0-1)

65’, ГООООЛ ЗА ПОБЕДА – Прилепчани стигнуваат до огромно водство на гостувањето против Брегалница. По досудениот пенал одговорноста ја превзеде Гешовски, кој го испрати голманот на спротивната страна и ја затресе мрежата на домашниот тим.

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (0-2)

54’, ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА – Гостите стигнуваат и до поубедливо водство, откако прекрасен погодок од слободен удар од работ на шеснаесетникот постигна Алими.

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР  (1-2)

54’ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР… Кратко траеше радоста на домаќините, „вардарци“ притиснаа и повторно поведоа со голот на Барсегјан на додавање на Велковски

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР  (1-1)

54’ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ… „Романтичарите“ тргнаа храбро и стигнаа до израмнување, младиот Садики е стрелец на голот откако прецизно биеше со глава по одлично изведениот корнер од десната страна.

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (0-1)

51’ – Шкендија води, но домаќините се максимално мотивирани. Тетовскиот тим се мачи да ја задржи топката на средината од теренот, а Тотре заработи жолт картон.

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР  (0-1)

47’ – Одличен контранапад на Работнички, но Брдаровски стигна буквално во последен момент да исфрли во корнер и да ја отстрани опасноста.

Почеток на вторите полувремиња на четирите средби што се на програмата попладнево.

Крај на првото полувреме на сите четири натпревари од 33.коло во Првата лига.

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР  (0-1)

45’ – Вуковиќ со силен удар ја погоди гредата од голот на Вардар.

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР  (0-1)

36’ – ГООООООООЛ за Работнички. Шампионот стигна до водство на дербито. Џигаури доби топка во шеснаесетникот и од десетина метри шутираше силно со левата нога, носејќи водство за „црвено-црните“.

БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА (0-0)

Во Штип засега без голови, иако и двете екипи покажуваат амбиции за да дојдат во водство.

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (0-1)

20’ – ГООООООЛ за Шкендија. Бесарт Абдурахими упати силен удар од 18 метри и постигна прекрасен погодок за водство на Шкендија.

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР  (0-0)

16’ – Горан Попов изведе слободен удар од 25 метри, шутираше силно, но за малку крај голот.

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР  (0-0)

14’ – Дурански упати опасен удар, но Алексовски успеа да одбрани.

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР  (0-0)

13’ – Одлична шанса за Боарето, кој доби топка по десната страна, шутираше, но Шишковски одбрани.

РЕНОВА – СИЛЕКС – (1-0)

9’ – ГОООООЛ за Ренова. Стојанче Велинов го отвора резултатот во корист на „гипсарите“. Корнер на Силекс по кој домашниот голман ја фати топката и почна контранапад. Домаќините извонредно организираа акција, по што Велинов немаше тешка задача од десетина метри да ја смести топката во мрежата.

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР  (0-0)

2’ – Прва шанса на градското дерби. Бобан Николов имаше убава можност, но Бобан Николов од шест метри шутира над голот на Работнички.

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР  (0-0)

Вардар исто така е во комбиниран состав. Капитен е Горан Попов, со оглед дека го нема Бобан Грнчаров во тимот, а Никола Глигоров е на клупата за резерви.

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА (0-0)

Новиот тренер на Шкендија, Ерхан Селими, реши да стартува без Ферхаи Хасани и Бесарт Ибраими, чувајќи ги за финалето во Купот на Македонија. Во нападот се Абдурахими, Меѓедовиќ и Жуниор.

Ги следиме во живо натпреварите од 33.коло во Првата фудбалска лига.

 

Се вчитува...