ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Пелистер владее со Пелагонија, Демири го спаси Шкупи од пораз… (ФОТО)

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 1. КОЛО

Скопје: ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-1)Демири 89′ – Дориев 77′Прилеп: ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР (1-2)Маневски 51′(п) – Трифуновски 24′, Лукас 70′Кратово: СИЛЕКС – СКОПЈЕ (1-0)Маркос Жуниор 10′

ВЧЕРА

Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (2-0)Алими 61′, Жуниор 66′Скопје: РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА (0-0)

=========================================================================КРАЈ и на дербито во Прилеп. Триумф на Пелистер од 1-2!

КРАЈ и во Кратово. Триумф на Силекс од 1-0 против Скопје!

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО ЧАИР. Поделбата на бодовите меѓу Шкупи и Академија Пандев

ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-1)

1-1 – 89′ – ГООООООЛ ЗА ШКУПИ. Евро-гол на Хусеин Демири со шут од околу 25 метри, стрела под гредата од голот на гостите

ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-1)

0-1 – 77′ – ГОООООЛ ЗА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ. Дориев носи предност за гостите со шут од околу 15 метри по соло пробивот

IMG_9539

ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР (1-2)

1-2 – 70′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. По нафрлањето од десната страна на Тошевски, Лукас во домашниот петтерец од вториот обид стрела за водство

ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-0)

72’ – Убава шанса за Јашароски, кој од прва шутираше од 7 метри, по центаршутот од десната страна, но топката отиде над голот на гостите

ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР (1-1)

65′ – Одлична можност за Победа, битолчани се спасуваат. Марко Јовановски со двојна интервенција по шутевите на Цветаноски и Маневски спречува водство на домашните

ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-0)

70’ – Балдовалиев се обиде од слободен удар од 20 метри, но високо над голот

ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-0)

60’ – Бајрами нафрли од слободен удар, а Бериша не успеа да ја зафати најдобро топката со удар со глава

skupi-akd (28)

ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР (1-1)

1-1 – 51′ – ГОООООЛ ЗА ПОБЕДА. По пеналот направен врз Најдоски, од белата точка прецизно стрела Борче Маневски за израмнување

ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР (0-1)

46′ – Замена кај Победа. Деби на новото засилување, поранешниот фудбалер на Вардар, Јасир Асани, кој влегува место Неданоски

Почеток на второто полувреме на трите денешни натпревари до 1. коло во ПМФЛ

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР (0-1)

42′ – Одлична шанса за Трифуновски да постигне и втор гол. Од десната страна нафрли Љамчевски, а Трифуновски осамен на 5-6 метри пред голот на Победа но шутира непрецизно

ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-0)

45’ – Бајрами шутира од 20 метри, но Вујанац одбрани

ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-0)

44’ – Атанасов шутира од 20 метри, но крај голот на Шкупи

ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР (0-1)

39′ – Атрактивен обид на Дејан Цветаноски со ножички од околу 12 метри, но голманот на Пелистер брани

ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-0)

34’ – Одлична шанса за Академија Пандев. Дориев излезе сам пред Зендели, но голманот на Шкупи со пад во нозе успеа да спаси сигурен гол

ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР (0-1)

0-1 – 24′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Грешка на Наумоски, украдена топка на гостите и Иве Трифуновски со шут од 20 метри стрела ниско по земја во левиот долен агол од голот на Победа

ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-0)

22’ – Сашко Пандев шутира од слободен удар од 25 метри, но високо над голот на Шкупи

IMG_8866

ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР (0-0)

17′ – Игра главно на средината од теренот, Пелистер поактивен на почетокот од мечот

ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-0)

12’ – Јани Атанасов ја погоди гредата. Изведе слободен удар од 22 метри, шутираше силно, но гредата го спаси Шкупи од негатива на Чаир

IMG_8833

СИЛЕКС – СКОПЈЕ (1-0)

1-0 – 10′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Акција по десната страна на домашните, Бразилецот Маркос Жуниор се проби во гостинскиот шеснаесетник и откосо од десеттина метри шутира под гредата од голот на Скопје

СИЛЕКС – СКОПЈЕ (0-0)

8′ – Мирен почеток на дуелот во Кратово, без возбудувања на двете страни

ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР (0-0)

4′ – Прва закана на „пелистерци“. Оливер Пеев се обиде од 18 метри, но лесен плен за голманот на Победа, Давор Талески

Pelister so Pobeda

ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-0)

3’ – Сашко Пандев го испроба својот шут од 25 метри, но не беше прецизен

ПОЧЕТОК НА ДЕНЕШНИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД 1. КОЛО ВО ПМФЛ

  • Најинтересниот дуел од трите денешни натпревари од 1. коло во Првата македонска фудбалска лига се игра во Прилеп каде Победа на стадионот „Могила“ ќе биде домаќин на Пелистер.
  • Познати се и составите на двата тима за пелагониското дерби. Зоран Штерјовски се одлучи мечот да го почне без засилувањето Јасир Асани, а Срѓан Захариевски на спротивната страна, од првата минута ќе настапува со очекуваните расположиви сили…

Победа - Пелистер (состави)

=========================================================================

Стартуваат натпреварите во новата 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. По вчерашните два дуели, денеска се играат останатите три натпревари од првото коло, во Скопје, Кратово и во Прилеп.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...