ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Вардар со четири гола во вториот дел ја „нокаутираше“ Шкендија!

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 10. КОЛОСкопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (4-2)Фелипе 55′(п), 73′, Блажевски 65′, Итало 88′ – Жуниор 27′, Ибраими 64′(п)

Скопје: СКОПЈЕ – СИЛЕКС (1-1)
Ѓурчиновски 16′ – Бујчевски 88′

Битола: ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА (2-1)Фереира 37′, 42′ – Маневски 89′Тетово: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (3-1)Гафури 6′, Нафиу 57′(п), 91′ – Маркоски 72′

Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ (2-0)

Балдовалиев 58′(п), 91′

ТАБЕЛА: Шкендија 25 бода, Вардар(-2) 19Академија Пандев(-1) 17Силекс 14Шкупи 12, Пелистер 12, Победа 9, Ренова 10, Работнички(-1) 7, Скопје 5 бода.

=========================================================================

Крај и на дуелот во Битола! Победа на Пелистер!

ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА (2-1)

2-1 – 89′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Маневски доби топка од длабочина, и во манир на голем стрелец одлично ја тресе мрежата на противникот

КРАЈ И НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ТЕТОВО И ВО АВТОКОМАНДА… Се игра уште во Битола, поради задоцнетиот старт!

Крај на натпреварот во Струмица. Заслужена победа на Академија Пандев против Шкупи од 2-0!

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (3-1)

3-1 – 91′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Со голот на Валмир Нафиу, Ренова ја запечатува победата против Работнички

СКОПЈЕ – СИЛЕКС (1-1)

1-1 – 88′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Со погодокот на Антонио Бујчевски, кратовци израмнуваат во Автокоманда

skopje-sileks 14.10 (1)

Крај на дуелот на „Филип Втори“. Вардар и се реваншира на Шкендија за поразот на стартот од првенството во Тетово!

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ (2-0)

2-0 – 91′ – ГООООЛ ЗА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ. И со втор погодок на Зоран Балдовалиев, Академија Пандев ја осигурува победата во Струмица

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (4-2)

4-2 – 88′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Убава акција на домашните, нововлезениот Итало избива сам пред Захов, во првиот обид гостинскиот голман успева за малку да ја скроти топката но Итало потоа дополнително ја сместува во мрежата

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (2-1)

2-1 – 72′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Серџо Жуниор нафрли од десната страна, Велинов ја спупти топката до Маркоски, кој од пет метри го матира голманот на Ренова

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (3-2)

3-2 – 73′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Фелипе шутира од околу 30 метри ниско по земја, Захов киксира и топката под неговите раце отседнува во мрежата на Шкендија

Vardar - Skendija 2

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (2-2)

2-2 – 65′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Веќе во следниот напад по тргнувањето од центар, Дејан Блажевски носи повторно израмнување

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (1-2)

1-2 – 64′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Хасани беше соборен во шеснаесетникот на Вардар… Од белата точка прецизно стрела Бесарт Ибраими

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ (1-0)1-0 – 58′ – ГООООЛ ЗА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ. Балдовалиев од пенал носи предност за струмичани

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (2-0)

2-0 – 57′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Валмир Нафиу од пенал носи предност од 2-0 за Ренова

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (1-1)

1-1 – 55′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Бразилецот Фелипе израмнува од пенал, откако претходно Максимов изнуди удар од белата точка по соборувањето од голманот Захов

  • Почеток на второто полувреме на дербито на „Филип Втори“ во Скопје…

skopje-sileks 14.10 (2)

ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА (2-0)

2-0 – 42′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Со вториот погодок на Фереира, домашните веќе имаат предност и од 2-0 против Победа

ПЕЛИСТЕР – ПОБЕДА (1-0)

1-0 – 37′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Со голот на Фереира во 37. минута Пелистер води во Битола

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ НА „ФИЛИП ВТОРИ“… „Вардарци“ со свирежи испратени од малубројната гледачи!

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-1)

42′ – Бесар Исени се најде во убава можност за Вардар, шутираше од десеттина метри ниско по земја но Захов брани исфрлајќи во корнер

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (1-0)

25’ – Емир Сахити шутира од 25 метри, но крај голот на Ренова

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-1)

0-1 – 27′ – ГООООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Одлична акција на Шкендија, Хасани во празно го проигра Жуниор кој избива по десната страна сам пред голот на Вардар и мајсторски стрела во спротивниот агол

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-0)

25′ – Блажевски се обиде со шут од околу 20 метри откосо, но непрецизно безопасно кон противничкиот гол

СКОПЈЕ – СИЛЕКС (1-0)

1-0 – 16′ – ГООООЛ ЗА СКОПЈЕ. Дарко Ѓурчиновски носи предност за Скопје во Автокоманда

СКОПЈЕ – СИЛЕКС (0-0)

15′ – Мирно и на дуелот во Автокоманда, иако домашните се обидуваат први да дојдат до погодок

IMG_8219

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-0)

15′ – Шкендија поактивна во првите 15 минути, но без посериозни можности за погодок

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (1-0)

1-0 – 6′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Арџент Гафури носи водство за „гипсарите“ во Тетово

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА (0-0)

4′ – Прв обид на гостите од Тетово, Алими се обиде со глава од десеттина метри но лесен плен за Гачевски

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 10. КОЛО ВО ПМФЛ… Во Битола доцни натпреварот затоа што гостите допатуваа со само една опрема, па домашните ќе мора да ја менуваат првично определената опрема по наредба на делегатот…

  • Познати составите за дерби пресметката во Скопје меѓу Вардар и Шкендија… За Вардар ќе дебитира офанзивецот Максим Максимов, а по повредата во првиот тим се враќа и Евгениј Новак.

Sostavi

=========================================================================

Стартуваат натпреварите од 10. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Почеток на вториот круг од првенството, и тоа со најголемата дерби пресметка меѓу Вардар и Шкендија.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...