ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Работнички чекаше, чекаше, па го победи Пелистер... Вардар загуби во Прилеп! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 14:58
Кошарка
19/11/2017 12:33
Ракомет
18/11/2017 19:25
Ракомет
18/11/2017 18:59

ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Работнички чекаше, чекаше, па го победи Пелистер… Вардар загуби во Прилеп!

ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Работнички чекаше, чекаше, па го победи Пелистер… Вардар загуби во Прилеп!

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 11. КОЛО

Скопје: СКОПЈЕ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-1)

Мишевски 84′ – Грифони 38′

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (2-0)

Херера 18′, Дурански 59′

Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (4-1)
Ибраими 17′, Кривањева (аг) 24′, Хасани 54′, 82′ – Јашаровски 76′

Прилеп: ПОБЕДА – ВАРДАР (1-0)

Илиески 77′

Кратово: СИЛЕКС – РЕНОВА (0-0)

ТАБЕЛА: Шкендија 28 бодаВардар(-2) 19Академија Пандев(-1) 18, Силекс 15Шкупи 12, Пелистер 12, Победа 12, Ренова 11, Работнички(-1) 10, Скопје 6 бода.

=========================================================================

Очајниот Вардар загуби од Победа во Прилеп… Работнички по четири натпревари без триумф, победи со Пелистер, а Шкендија рутински славеше со Шкупи во Тетово!

КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 11. КОЛО ВО ПМФЛ!

СКОПЈЕ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-1)

1-1 – 84′ – ГОООЛ ЗА СКОПЈЕ. Со погодокот на Филип Мишевски, Скопје израмнува на Автокоманда

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (4-1)

4-1 – 82′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Хасани го постигнува и својот втор гол за враќање на предноста од три гола

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (3-1)

3-1 – 76′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Алан Јашаровски ја намалува предноста на домашните

Pobeda - Vardar 2

ПОБЕДА – ВАРДАР (1-0)

1-0 – 77′ – ГОООООЛ ЗА ПОБЕДА. Вардар шокиран во Прилеп. Очајните црвено-црни ги казнува Дарко Илиески со гол за водство на Победа

ПОБЕДА – ВАРДАР (0-0)

60′ – Вардар очаен во Прилеп. Победа е таа која диктира ритам во вториот дел, Цветаноски убаво шутираше но Гачевски брани

IMG_2242

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (2-0)

2-0 – 59′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Акција почната од голманот Божиновски кој го проигра Погосјан, а овој во слалом проби по десната страна нафрли пред голот на Пелистер каде Филип Дурански убаво од неколку метри сместува во гостинската мрежа

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (3-0)

3-0 – 54′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Хасани доби добра топка на 20 метри, и прецизно шутира во долниот десен агол од голот на Шкупи

Почеток на вториот дел на петте натпревари од 11. коло во ПМФЛ…

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ…

СКОПЈЕ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-1)

0-1 – 38′ – ГООООЛ ЗА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ. Џулио Грифони носи водство за Академија Пандев на гостувањето во Автокоманда

Skopje - Akademija Pandev 2

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

42′ – Одличен шут на Тодоров од 20 метри, но Јовановски брани од под самата греда, исфрлајќи во корнер

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (2-0)

35′ – Одлична шанса за Шкендија. Алими се избори за убава позиција, шутираше од 15 метри но брани голманот на Шкупи

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

31′ – Обид на Ристе Маркоски од десната страна, но непрецизен

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (2-0)

2-0 – 24′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Корнер од десната страна изведе Хасани, а дефанзивецот на Шкупи, Кривањева неспретно реагира па со грб си постигнува автогол

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

25′ – Повреда на Кире Маркоски, кој ја напушта играта, па на негово место во игра Андреј Лазаров

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (1-0)

1-0 – 17′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Соло продор на Бесарт Ибраими, кој откако мина неколку противнички дефанзивци откосо од десеттина метри од левата страна силно шутира под гредата од голот на Шкупи

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

1-0 – 18′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. По нафрлањето од десната страна, Херера највисок во скокот со глава стрела во мрежата на Пелистер, иако му помага и неспретната реакција на Марко Јовановски

IMG_2275

ПОБЕДА – ВАРДАР (0-0)

15′ – Мирно на дуелот во Прилеп. Освен шансата на Блажевски за Вардар на почетокот од мечот, без поголеми возбудувања на двете страни

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (0-0)

15′ – Шут на Лукас од околу 25 метри, но брани Божиновски

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (0-0)

10′ – Хасани не реализираше од идеална позиција. Капитенот промаши зицер од 5-6 метри, по проигрувањето од Ибраими

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (0-0)

11′ – Прв корнер за Работнички на дуелот, но без опасност по голот на гостите. На одбиената топка Херера шутира од далечина, но непрецизно

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (0-0)

3′ – Прва шанса за Шкендија. Ибраими по десната страна се најде во убава позиција, но не реагираше брзо па блокираа гостинските фудбалери

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 11. КОЛО ВО ПМФЛ

  • Познати составите за дуелот во Прилеп меѓу Победа и Вардар…

Состави - Победа - Вардар

  • Шкендија со очекуваниот стандарден прв тим против Шкупи…

Состави - Шкендија - Шкупи

  • Составите за пресметката на „Филип Втори“ меѓу Работнички и Пелистер…

Состави - Работнички - Пелистер

  • Составите за пресметката на Автокоманда меѓу Скопје и Академија Пандев…

Состави - Скопје - Академија Пандев

  • Составите за дуелот во Кратово меѓу Силекс и Ренова…

Состави - Силекс - Ренова

=========================================================================

Стартуваат натпреварите од 11. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Вардар оди по бодови во Прилеп, Шкендија го пречекува Шкупи, а Академија Пандев гостува на Скопје.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.