ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Вардар конечно победи, Шкендија го доби дербито со Работнички (ФОТО)

РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА – 14. КОЛО

Скопје: ВАРДАР – СКОПЈЕ (3-0)

Фелипе 44′, Максимов 66′, Џигаури 86′

Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (2-1)

Радески 40′, Хасани 82′(п) – Чарлс Гофри 35′

Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ПОБЕДА (0-1)

Станиќ 45′

Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС (0-1)

Кривањева 13′(аг)

Битола: ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА (2-1)

Лукаш Фереира 35′, Трифуновски 48′(п) – Нафиу 80′(п)

ТАБЕЛА: Шкендија 34 бода, Вардар(-2) 23, Силекс 22, Академија Пандев(-1) 21, Ренова 17, Работнички(-1) 16, Шкупи 15, Пелистер 15, Победа 15, Скопје 9 бода.

=========================================================================

Силекс се пробива на самиот врв од табелата, откако славеше со 0-1 на гостувањето против Шкупи во Чаир!

Крај во Тетово со победа на Шкендија… Прв пораз на Академија Пандев во Струмица. Прилепска Победа си оди со трите бода од Струмица!

Крај на натпреварот на „Филип Втори“… Победа на Вардар, конечно по три меча пауза…. Крај и во Битола. Триумф на Пелистер против Ренова!

Akademija Pandev - Pobeda 4

ВАРДАР – СКОПЈЕ (3-0)

3-0 – 86′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. И грузискиот интернационалец Џигаури се запишува во листата на стрелците за убедлива победа на Вардар.

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (2-1)

2-1 – 82′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Ферхан Хасани од пенал силен шут во долен десен агол од голот на Божиновски за водство на тетовци, откако претходно Ибраими беше соборен од Садики

ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА (2-1)

2-1 – 80′ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Валмир Нафиу од пенал ја намалува предноста на домашните.

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (1-1)

74’ – Тодоровски шутира откосо од десната страна, над голот на Работнички

ВАРДАР – СКОПЈЕ (2-0)

2-0 – 66′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Конечно прв гол за Максим Максимов во дресот на Вардар. Iзлезе сам пред голот и со лева пласираше во мрежата на гостите.

Vardar radost so Skopje

ВАРДАР – СКОПЈЕ (1-0)

60’ – Максимов од пет метри промаши празен гол. По проигрувањето од Блажевски го погоди дирекот од голот на Скопје

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (1-1)

55’ – Две одлични шанси во низа за Шкендија. Шутираше Радески, а Божиновски одбрани, потоа и Ибраими, но голманот на Работнички извонреден

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (1-1)

51’ – Садики шутираше со глава по корнерот од десната страна, а Захов успеа да одбрани

ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА (2-0)

2-0 – 48′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Иве Трифуновски со удар од белата точка ја зголемува предноста на битолчани!

ВАРДАР – СКОПЈЕ (1-0)

46’ – Голема шанса за Барсегјан, беше сам на вториот дирек, но реагираше ноншалантно, наместо да ја затресе мрежата

Почеток на второто полувреме…

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ НА ДУЕЛИТЕ ОД 14. КОЛО ВО ПМФЛ

Akademija Pandev - Pobeda 3

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ПОБЕДА (0-1)

0-1 – 45′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Гостите доаѓаат до водство со голот на Станиќ

ВАРДАР – СКОПЈЕ (1-0)

1-0 – 44′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Хуан Фелипе конечно носи водство за Вардар. Прекрасен гол на Фелипе од 25 метри, распали со левата нога и го совлада Кандикјан

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (1-1)

1-1 – 40’ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Хасани од слободен удар ја погоди гредата, топката се одби до Емини, кој го погоди дирекот, а од трета Радески со глава ја погоди мрежата на Работнички

ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 35′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Домашните дојдоа до водство во Битола со голот на Лукаш Фереира

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (0-1)

0-1 – 35′ – ГООООЛ за Работнички. Стјепановиќ одлично го проигра Чарлс Гофри, тој излезе сам пред голманот Захов и успеа да го совлада

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

34’ – Алими шутира од 25 метри, но неговиот удар е изблокиран

IMG_8806

  • Стрелците очигледно нерасположени за голови попладнево на прволигашките фудбалски терени! Само еден автогол за половина час игра на петте дуели!

ВАРДАР – СКОПЈЕ (0-0)

26’ – Пецов излезе сам пред голманот Алексовски, но тој блокираше и исфрли во корнер

ВАРДАР – СКОПЈЕ (0-0)

23’ – Нова одлична шанса за Максимов, кој не успеа да реализира од само седум метри

ВАРДАР – СКОПЈЕ (0-0)

19’ – Демири нафрли од левата страна, убава шанса за Максим Максимов, но не реагираше најдобро во шеснаесетникот

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

22’ – Радески се закани со удар од далечина, но не беше прецизен

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

19’ – Најдобрата шанса досега на мечот. Бесарт Ибраими излезе сам пред голот на Работнички, но Даниел Божиновски одлично одбрани спречувајќи водство на домашните!

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

18’ – Сержо јуниор му подготви шанса на Стјепановиќ, тој шутираше, но блокираше одбраната на Шкендија

ШКУПИ – СИЛЕКС (0-1)

0-1 – 13′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Кратовци доаѓаат до предност благодарение на автоголот на Кривањева, кој неспретно реагираше по шутот на Георгиев од десната страна

IMG_8812

  • Апсолутно без никакви возбудувања на стартот од натпреварите од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига

ВАРДАР – СКОПЈЕ (0-0)

6’ – Бруно да Круз шутира од 20 метри, за малку крај голот на Вардар

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

5’ – Ибраими шутира од 20 метри, но неговиот удар е блокиран од одбраната на Работнички

ВАРДАР – СКОПЈЕ (0-0)

1’ – Барсегјан во првиот напад се обиде со шут од десната страна, но директно во Кандикјан

ПОЧЕТОК НА ДУЕЛИТЕ ОД 14. КОЛО ВО ПМФЛ

  • Познати составите за дерби пресметката меѓу Шкендија и Работнички во Тетово…

Состави Шкендија - Работнички

  • Вардар безусловно ќе мора да оди на победа против Скопје, тимот со кого ремизираше во првиот круг од шампионатот во Автокоманда… Вардар на мечот ќе биде без капитенот Бобан Грнчаров.

Состави Вардар - Скопје

  • Во Битола, Пелистер се уште без новоназначен тренер по заминувањето на Срѓан Захариевски ќе бара бодови со Ренова…

Состави Пелистер - Ренова

  • По претходниот пораз, Академија Пандев сега во Струмица во атак на три бода против Победа…

Состави Академија Пандев - Победа

=========================================================================

Стартуваат натпреварите од 14. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. По лошата низа резултати Вардар ќе мора денеска против Скопје да бара само победа и ништо друго на „Филип Втори“. Во Тетово, пак, се игра дерби пресметката меѓу Шкендија и Работнички.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...