ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Вардар се врати на победите, „пандевци“ испуштија триумф во 93. минута (ФОТО)

ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО…. 24. КОЛО

Скопје: ВАРДАР – РЕНОВА (1-0)

Блажевски 23′

Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (1-0)

Фазлагиќ 16′

Струмица: ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ (2-0)

Лога 82′, Најдовски 90’+4

Турново: АК. ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР (1-1)

Миленковски 48′(аг) – Ристевски 90’+3

УТРЕ

Гостивар: ШКУПИ – СКОПЈЕ (14 ч.)

ТАБЕЛА: Шкендија 62 бода, Вардар 46, Силекс (-1) 36, Ак. Пандев 29, Шкупи (-1) 29, Работнички 28, Победа 26, Ренова 25, Пелистер (-1) 22, Скопје (-1) 17 бода.

======================================================================================

КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 24. КОЛО ВО ПМФЛ

ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ (2-0)

2-0 – 90’+4 – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. Филип Најдовски носи водство и од 2-0 за прилепчани!

  • Крај и на мечот на „Филип Втори“. Вардар ја победи Ренова со 1-0!

ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ (1-0)

85’ – Одличен шут на Бујамин Асани од левата страна, уште подобра интервенција на Тофилоски, кој исфрли во корнер

  • КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО ТЕТОВО. Шкендија го победи Силекс минимално со 1-0!

ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ (1-0)

1-0 – 82’ ГООООЛ за Победа. Алтин Лога се реши на удар од 20 метри и успеа да го совлада Даниел Божиновски

ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

67’ – Ангелов шутира од 20 метри, но директно во Дарко Тофилоски

ВАРДАР – РЕНОВА (1-0)

65′ – Битанг шутира од околѕ 15 метри, но покрај голот на гостите

ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

!!! – 63’ – Себастијан Херера од Работнички е исклучен поради втор жолт картон. Доби втор жолт картон поради симулирање, и исклучување!

ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

57’ – Херера се одлучи за удар од 25 метри, крај голот на Победа

АК. ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР (1-0)

1-0 – 48′ – ГООООЛ ЗА АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ. По нафрлањето од левата страна, Илиевски од само неколку метри со глава пред својот гол постигнува автогол

Почеток на второто полувреме…

КРАЈ НА ПРВИТЕ 45 МИНУТИ ОД ДЕНЕШНИТЕ ДУЕЛИ ВО 24. КОЛО ОД ПМФЛ! Само два погодоци!

Крај на полувремето во Тетово. Минимално водство на Шкендија!

ВАРДАР – РЕНОВА (1-0)

42′ – Одлична шанса за Гафури, шутира откосо од десеттина метри но Гачевски го брани неговиот удар

ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

36’ – Одлична шанса за Победа. Лукас Силва доби топка по десната страна, шутираше силно во спротивниот гол, но за малку крај голот на Работнички

  • По двеминутен прекин, продолжи натпреварот на „Филип Втори“ меѓу Вардар и Ренова

ВАРДАР – РЕНОВА (1-0)

!!!! – 35′ – Прекин на мечот на „Филип Втори“ поради скандирања на „Комитите“ на националистичка основа. По неколку предупредувања, главниот судија Јакимовски го прекина мечот.

ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

!!! – 24′ – Црвен картон за Благоја Гешоски. Во воздушен дуел со лакот го удри во лицето Дурански

ВАРДАР – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 23′ – ГООООЛ ЗА ВАРДАР. Максимов нафрли од десната страна, недоразбирање во гостинската одбрана и Блажевски од 5-6 метри сместува во мрежата на Ренова


ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ (0-0)

12’ – Работнички има иницијатива, се обиде Ангелов со шут од 20 метри, но крај голот

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (1-0)

1-0 – 16′ – ГОООЛ НА ШКЕНДИЈА. Тетовци први доаѓаат до водство на прволигашките терени. Фазлагиќ одлично шутира од 18 метри постигнувајќи убав погодок!


Без апсолутно никакви возбудувања по првите 10 минути на сите четири дуели од прволигашката програма…

Почеток на натпреварите од 24. коло во ПМФЛ

  • Познати се составите за пресметката на „Филип Втори“. Вардар по три едноподруго меча без триумф, во потрага по три бода…

======================================================================================

Стартуваат натпреварите од 24. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Откако веќе е извесна битката за титулата, сега главните погледи се насочени кон битката за третото место на табелата и битката за опстанок.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...