Прва радост за Куманово, Охрид немаше шанса

Кошаркарите на Куманово стигнаа до првата победа сезонава, триумирајќи убедливо на гостувањето против Охрид со резултат 73-91. По поразот од Работнички во првото коло, како и неуспехот на стартот од БИБЛ против Левски, овојпат кумановци одиграа одлично во текот на сите 40 минути, во ниту еден момент не дозволувајќи им на домаќините да се понадеваат на позитивен резултат.

Само една четвртина беше доволна за Куманово да ги реши дилемите околу победникот, откако по десет минути игра гостите имаа предност од огромни 19 поени разлика (12-31). Охриѓани го добија вториот период со 26-19, но тоа беше се што домаќините успеаја да сторат, гостите целосно ја контролираа играта во преостанатите 20 минути и на крајот заслужено се радуваа на победата.

Караџовски со 21 поен и седум асистенции беше најзаслужен за победата, Јанески постигна 17, а Ковач 16 поени за Куманово, додека прв стрелец на Охрид при денешниот пораз беше Рос со 20 поени.

Се вчитува...