Првата лига стартува на 13. август, ждребот за новата сезона на 25. јули

Според предлог планот за натпревари на комесарот на Фудбалската федерација на Македонија, Васко Дојчиновски, новата сезона во Првата македонска фудбалска лига треба да стартува на 13. август.

Овој предлог е веќе доставен до надлежните служби и чека единствено одобрување од Управниот одбор на ФФМ.

Согласно планот на Комесарот за натпревари, веднаш потоа на 16. август ќе се одржат и натпреварите од 1/16-финалето во Купот на Македонија.

Според најавите, ждрепката на распоредот на двојките за календарот за натпревари на Првата лига како и на двојките за 1/16-финалето од Купот на Македонија треба да се одржи на 24. или 25. јули во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.

Се вчитува...