Првиот човек на грчкиот фудбал доби заканувачко писмо со куршум

Фудбалската федерација на Грција (ЕПО) добила необичен пакет со заканувачко писмо и со куршум, адресирано до претседателот Вангелис Граменос. Овој пакет по поштенски пат е доставен до централата на ЕПО во Атина, пренесуваат грчките медиуми.

Покрај куршумот, во пакетот имало и заканувачко писмо на три страници. Заканите наводно се поради односите на некои повластени клубови во Грција со челниците на фудбалската федерација на оваа земја.

На крајот, стоел и потписот „Пападопулос од Пиреја“. Грчката полиција за борба против тероризмот отвори истрага за овој случај и трага по виновниците.

Се вчитува...