Првиот отказ во НБА стигна по само три натпревари

Управата на Феникс санс му врачи отказ на тренерот Ерл Вотсон по само три меча во новата сезона. Франшизата од Аризона нанижа три порази на исто толку натпревари на кои во просек дозволи по околу 130 поени во својот кош, а сето тоа се случи против двата тима од Лос Анџелес и Портланд трејблејзерс.

До именувањето на новиот шеф на стручниот штаб, тимот ќе го води еден од помошниците на довчерашниот тренер, Џеј Тријано.

Ерл Вотсон ја водеше екипата на „сонцињата“ околу 20 месеци, откако во средината на минатата сезона го замени Џеф Хорначек на тренерското столче. Феникс под негово водство забележа 33 победи и 85 порази.

Се вчитува...