Првиот патник за Скопје: Манчестер јунајтед ја освои Лигата на Европа

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед е победник на Лигата на Европа и ќе дојде во Скопје да го игра Суперкупот на Европа на 8 август. „Црвените ѓаволи“ го совладаа Ајакс со 2-0 во финалето во Стокхолм и обезбедија настап во Лигата на шампионите за следната сезона.

traore i pogbaВо типичен стил за Жозе Мурињо, Манчестер јунајтед истрча на теренот и тактички, со беспрекорна игра во одбраната и навреме постигнати голови, ја разби илузијата на младите фудбалери на Ајакс дека можат да одиграат на врвно ниво и да го освојат пехарот.

Пол Погба во 18.минута го отвори резултатот. Се одлучи на удар од 20 метри, топката удри во еден одбранбен фудбалер на Ајакс, го смени правецот и заврши во мрежата на Онана. По ова, Ајакс плетеше мрежа, но никако не успеваше да пронајде простор за да ушати удар кон голот на Ромеро.

blind pred dolberg

На стартот на вториот дел, Манчестер јунајтед го зголеми водството на 2-0. Хенрик Мхитарјан најдобро се снајде во шеснаесетникот на Ајакс и во 48.минута вторпат ја затресе мрежата на холандскиот тим.

Во завршницата, Лингард имаше шанса и за трет погодок, но не успеа ниту да упати удар, иако излезе сам пред голманот на Ајакс.

junajted graviranjeМанчестер јунајтед првпат во својата историја го освојува пехарот во Лигата на Европа, следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, а ќе дојде и во Скопје, за Суперкупот на Европа, очекувајќи го победникот од дуелот во финалето на ЛШ, меѓу Реал Мадрид и Јувентус.

0-1 Paul Pogba Goal 24.05.2017 HD by dailyfootballkickHenrikh Mkhitaryan GOAL HD – Ajax 0-2… by gashiylli223

Се вчитува...